13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУслугите на УЈП на привремени локации поради реновирање

Услугите на УЈП на привремени локации поради реновирање

salteri-ujp

На 20. април започнуваат градежните активности со кои ќе се реновира приземјето во Регионалната дирекција во Скопје на Управата за јавни приходи, каде ќе биде создаден нов Контакт центар на УЈП, па оттаму советуваат во периодот на изградба, да се употребуваат електронските услуги на УЈП или даночните шалтери.

Од УЈП советуваат за сите жалби, потврди, барања, известувања, даночни акти и уверенија, како и за сите видови на пријави да се користи сутеренот на Регионалната дирекција – Скопје, како и Контакт центарот на УЈП и даночните шалтери во Чаир, Илинден и Гази Баба, а шалтерот во зградата на Македонската радиотелевизија за радиодифузната такса.

Реновирањето на приземјето на УЈП во Регионалната дирекција – Скопје е дел од ИПА 2010 и претставува проект за подобрување на услугите на Управата за јавни приходи. Проектот ќе биде финансиран од ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП