15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемена заработката на Goldman Sachs

Зголемена заработката на Goldman Sachs

goldman1

Заработката на американската банка „Goldman Sachs“ скокна во првиот квартал благодарение на успешното работење на одделението за финансиско банкарство, кое оствари најдобри резултати по финансиската криза.

Банката во првите три месеци од 2015 година заработи 2,75 милијарди долари односно 5,94 долари по акција во однос на 1,985 милијарди или 4,02 долари по акција во истиот период минатата година, пренесува агенцијата АП.

Приходите истовремено се зголемиле на 10,6 од 9,3 милијарди долари. „Goldman Sachs“ оствари корист од растот на деловната доверба и ниските каматни стапки во САД. Резултатите ги надминаа очекувањата на аналитичарите кои прогнозираа заработка по акција од 4,26 долари и приходи од 9,4 милијарди.

Најдобри резултати оствари филијалата за финансиско советување, чии приходи скокнаа за 41 проценти на 961 милиони долари.

Акциите на банката од почетокот на годината пораснаа за 3,8 проценти, надминувајќи го растот на индексот S&P 500, кој напредуваше за 2,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП