3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовик до хонорарците за граѓанска непослушност во однос на плаќањето придонеси за...

Повик до хонорарците за граѓанска непослушност во однос на плаќањето придонеси за хонорарите

Image (20)

Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права во петок ги повикаа хонорарните работници на граѓанска непослушност во однос на плаќањето придонеси за хонорарите.

Воедно, хонорарните работници беа повикани да се придружат на протестот на 1 мај, заедно со останатите социјално загрозени граѓани на Република Македонија.

„Се решивме на ваков чекор, бидејќи власта, наспроти сите укажувања, и од наша страна и од целата јавност, дека воведувањето придонеси за хонорарите ќе создаде голем административен товар кој таа нема капацитет да го менаџира – одби да ги стави во мирување законските обврски со кои се воведува плаќање придонеси за хонорарите. Наспроти тоа, таа и во февруари и во март оваа година правеше дополнителни измени во законите со кои само ја зголеми правната несигурност и создаде дополнителен хаос во администрацијата и несигурност кај хонорарните работници околу тоа кои се нивните обврски и низ кои сѐ административни лавиринти мора да поминат за да си ги исполнат своите обврски кон државата“, велат потписниците на Повелбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП