4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМобилно 3Д кино за првпат во Македонија

Мобилно 3Д кино за првпат во Македонија

kinac2222

Дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје во рамки на проектот „Мобилно 3D кино“ во салата на НУ Центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип ќе организира прва дигитална 3D филмска проекција.

Покрај Скопје, Битола и Кавадарци отсега и другите градови во Македонија ќе се најдат на мапата на најновите филмски остварувања благодарение на дистрибутерската куќа МЦФ МКД.

Во рамки на проектот формирана е мрежа од кино сали низ Македонија во соработка со Центрите за култура од Штип, Прилеп, Охрид, Струга, Дебар, Кичево…

Мобилна екипа во редовни временски интервали ќе ги прикажува најновите 3D и 2D филмски остварувања, како и филмски ревии, фестивали итн.

За оваа пригода МЦФ МКД обезбеди професионални подвижни BARCO 2K дигитални проектори со сервери и DEPTH Q 3D модулатори со 3D очила, како и DOLBY CP 750 аудио процесор со JBL звучници.

Цената на влезниците ќе изнесува 150 денари за 2D проекции и 200 денари за 3D проекции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП