17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВаруфакис: Грција останува во еврозоната

Варуфакис: Грција останува во еврозоната

1422440547680

Грција е одлучна во намерата да остане во еврозоната, соопштил грчкиот министерот за финансии Јанис Варуфакис на форум во Вашингтон, пренесуваат светските агенции.

„Поигрувањето со излегувањето од еврозоната е крајно антиевропски“, оценил Варуфакис, потенцирајќи дека грчката влада одбива да ја разгледа таа опција.

Според грчкиот министер, единствениот разумен проевропски одговор на Грција е да се обиде да постигне чесен договор. Варуфакис рекол дека иако Европската комисија (ЕК), Европската централна банка (ЕЦБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) треба да имаат основа за своите барања за реформите, претходниот пристап кој подразбирал остри мерки на штедење, не вродил со плод.

„Го пробавме тој лек, но не делуваше“, рекол грчкиот министер порачувајќи дека и Грција едноставно не може да се прилагоди на некој постоечки договор за својот долг, кој нема да ги реши нејзините економски проблеми.

„Нема да се посветиме на цели за кои знаеме дека нашата економија нема да може да ги исполни, поради политиката кои нашите партнери не сакаат да ја спроведат“, заклучил Варуфакис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП