Претставници на Министерството за финансии, заедно со претставници на банките и локални градежни компании, денес во Охрид ќе одржат презентација на проектот „Купи куќа, купи стан“.
Настанот ќе се одржи во општинските простории, каде што граѓаните ќе можат да се информираат за деталите за овој проект.
Карванот „Купи куќа, купи стан“ секоја недела продолжува во друг град: Битола, Прилеп, Гевгелија, Струмица, Штип, Тетово, Велес и Куманово.