6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДесет финалисти се борат за две награди од по 10 илјади долари...

Десет финалисти се борат за две награди од по 10 илјади долари на првиот климатски камп во Македонија

od-tebe-zavisi

Првиот климатски камп во Македонија за време на кој 10 финалисти ќе се натпреваруваат за две награди од по 10,000 УСД, ќе се одржи од 17 до 19 април во Скопје.

Десетте финалисти беа избрани од страна на стручно национално и меѓународно жири од вкупно 130 апликации кои пристигнаа по јавниот предизвик “Од Тебе Зависи” (www.odtebezavisi.mk) упатен до сите граѓани за пријавување на паметни и иновативни идеи за намалување на штетните влијанија на климатските промени во урбаните средини.

Покрај потрагата за иновативни решенија од страна на граѓаните (поединци или тимови), овој камп има за цел и да ја зголеми свесноста за климатските промени – реалност за која е потребна непходна акција.

Кампањата ‘Од Тебе Зависи’ е поддржана од Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Скопје, Шведската амбасада, Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени спроведуван од Милиеуконтакт Македонија, Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) и Министерството за животна средина и просторно планирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП