5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас преговара со црквата за финансиска помош

Ципрас преговара со црквата за финансиска помош

Image (19)

Левичарскиот премиер Алексис Ципрас изјави во четвртокот во Атина дека ќе покрене дијалог со моќната Грчка православна црка која и понуди на државата дел од своето богатство за финансирање на јавните потреби.

Премиерот, како што рече, од „срце “ му заблагодарил на поглаварот на Грчката православна црква, Архиепископот Јеронимос, кој минатата недела изјави дека црквените добра и ги става на располагање на државата да го отплати јавниот долг.

Православната црква е најголем поединечен земјопоседник и поседник на недвижности во Грција, па дури и државата од црквата изнајмува згради во Атина за потреби на министерствата и за разни други служби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП