5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамаленото американско производство ја крена цената на нафтата

Намаленото американско производство ја крена цената на нафтата

nafta bareli2

Цената на барел нафта скокна во четвртокот на светските берзи над три отсто по новите потврди за намалување на американското производство, што би можело да направи рамнотежа на пазарите кои се оптоварени со значителен вишок на понудата.

На лондонската берза со барел за испорака во јуни се тргува по 62,25 долари, додека на американската берза цената на барелот изнесува 56,69 долари.

Во шестмесечиот период до крајот на јануари цената на нафтата силно падна, при што во Лондон потона за над 60 отсто. Оваа година пазарот почна постепено да закрепнува, со оглед дека осетно пониските цени ги сопреа активностите за истражување и за производство, особено во САД.

„Полека се увидува дека американската производствена машина подзабавува, барем за сега. Производствто во САД падна втор пат во три недели, а рафинериите работата со полна пареа, што ја зголемува побарувачката“, толкува Вирендра Чаухан од лоноднски Energy Aspects.

„Сега сме изразени оптимисти во поглед на цената на нафтата. Актулениот раст првенствено е резултат на намалувањето на производството во САД. Гледаме дека просекот на производството во период од четири недели прв пат е намален од јули 2014-та година“, напишаа во белешката аналитичарите на Phillips Futures.

Аналитичарите сепак предупредуваат дека пазарот се уште е прекумерно снабден.

„Цените во последно време растат и покрај силното зголемување на производството на сировата нафта во членките на OPEC во март, кое веројатно ќе продолжи во април“, објавија од ANZ Banka.

Одвоено OPEC на својата интернет страница објави дека цената на барел кошничка негова нафта во средата изнесувала 57,01 долар, што значи дека пораснала за 1,10 долари во однос на претходниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП