17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗначително крената прогнозата за раст на германската економија

Значително крената прогнозата за раст на германската економија

germanija ekonomija32

Водечките германски економски институт значително ја кренаа прогнозата за раст на германската економија на 2,1 отсто во оваа година, благодарение на евтината нафта, понискиот курс на еврото и силната лична потрошувачка.

Претходно есенските прогнози на четирите институти за економски истражувања го проценија овогодишниот раст на 1,2 отсто.

„Поради ниските цени на нафтата на Германците им остааа повеќе расположиви средства за потрошувачка, а послабото евро го поттикнува извозот“, толкува Тимо Волмершојзер, главен економист во институтот Ifo.

Во заедничкиот документ на четирите институти се истакнува дека „покрај личната потрошувачка како главен поттикнувач на растот, Германија исто така има полза од позитивните импулси од остатокот на еврозоната па така надворешната трговија дава придонес за експанзијата“.

За 2016 година, институтите Ifo, DIW, IWH-Halle и RWI-Essen прогнозираат раст на германскиот БДП од 1,8 отсто, што значи дека економските активности благо ќе забават бидејќи постепено ќе се исцрпат позитивните ефекти од ниските цена на енергијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП