2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдржана првата дискусија околу вработувањето на младите

Одржана првата дискусија околу вработувањето на младите

Image (18)

Коалицијата на младински организации СЕГА, во соработка и поддршка од Волонтерски Центар Скопје (ВЦС), денес во МКЦ ја реализираше првата дискусија поврзана со зголемување на вработувањата на младите луѓе.

На дискусијата учествуваа претставници на младите, студенти, младински организации, претставници на Град Скопје, Агенција за вработување на Македонија, претставници од Министерство за труд и социјална политика, занаетчиските комори, и претставници на здруженијата на работодавачи.

Оваа дебата е дел од проектот “Креирање Ефективни Можности за Младинско Вработување”, поддржан од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог) од програмата ЕРАСМУС+.

Целта на проектот е да се овозможи активно вклучување на младите луѓе и младинските организации преку структурен дијалог со релевантните засегнати страни, со што ќе се обезбеди значајно влијание на иднината на младите луѓе со фокус на мерките за младинско вработување, како и подобрување на влијанието на граѓанското општество во реформските процеси во согласност со критериумите за членство во ЕУ.

Како дел од активности за проектот, предвидени се одржување на уште девет дебати во Штип, Струмица, Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Дебар, Тетово и Кавадарци на кои ќе се разговара за мерките и можностите за подобрување за вработување на младите, ефектот од активните политики на Владата и Агенцијата за вработување на Македонија, со цел да се дадат препораки за подобрување на процесот на вработување на младите во периодот по завршувањето на образовните процеси. Исто така, ќе се дискутираат и активните мерки и алатки за младинско вработување на ЕУ, како добри практики кои би биле применливи во Македонија.

„Активностите кои ги спроведуваме во овој проект и дискусиите кои ги организираме треба да дадат јасни препораки за тоа како да се зголеми бројот на млади кои се вработуваат. Вклучувањето на сите засегнати јавности во структурен дијалог ја покажува нашата вистинска желба и потреба да се унапреди овој процес во кој ќе сите релевантни страни ќе дадат свој активен придонес“, рече Зоран Илиески, извршен директор на Коалицијата СЕГА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП