26 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на македонски народни носии во Загреб

Изложба на македонски народни носии во Загреб

mak nosii

Изложбата „Македонските национални носии на разгледниците 1890-1950 – македонскиот фолклор и идентитетот“, ќе биде отворена во четврток вечер во галеријата Етно арт во Загреб.

Станува збор за колекција од 170 репрезентативни примероци на разгледници од збирката на д-р Бранислав Светозаревиќ кои датират од крајот на 19. век до средината на 20. век.

Изложбата во организација на Музејот на македонската борба и хрватско-македонското друштво ќе ја отвори д-р Јосип Форијан. Овој настан е дел од тридневната манифестација на претставување на македонската култура и гастрономија во Загреб под насловот „Три дена сонце“.

Покровители на настаните се Министерството за надворешни работи на Република Хрватска и Советот на македонското национално малцинство во Загреб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП