11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е шестата генерација на Transporter (фото)

Ова е шестата генерација на Transporter (фото)

transporter

Новата генерација на популарниот „Transporter“ ќе го претстави делот за лесни комерцијални возила на германскиот производител Volkswagen.

Шестата генерација на моделот, позната под името „T6“ има еволутивен дизајн, кој е лесно препознатлив. Дизајнот на екстериерот демонстрира лесни стилистички новини, меѓу кои различни фарови и решетка на ладилникот, браник со поголеми отвори за воздух, нов заден капак со интегриран спојлер и друго.

transporter1

Посериозни се промените во внатрешноста, кои вклучуваат употреба на материјали со висок квалитет, нова табла и конзола, голем број хромирани елементи и мноштво нови системи. Меѓу технологијата е присуството на инфо-систем со 6,33-инчен дисплеј, позната од патничките автомобили на „Volkswagen“. Тој располага со екран чувствителен на допир, опремен со сензори, кои препознаваат движење.

За технологијата за безбедност, новиот „Volkswagen Transporter“ нуди адаптивен автопилот, автоматското средно/долго светло, автоматска сопирачка при движење со мала брзина, систем за контрола на лентата на движење и друго. Моделот може да биде опремен и со адаптивна шасија.

transporter2

Палетата на мотори на моделот, кој е изграден на платформата на старата генерација „Transporter“, ја нуди новата генерација „TDI“ мотори, како и еден бензински мотор. Дизел предлозите се со зафатнина од 2,0 литри и генерираат моќ од 84, 102, 150 и 204 КС. Бензинскиот мотор е 2,0-литарски, кој може да се нарача со 150 или 204 КС.

Достапни се и предложените кај претходната генерација, системот „4MOTION“ и менувачот „DSG“.

transporter3

За да го одбележи своето деби на новиот „Transporter“, германската компанија „Volkswagen“ ќе лансира специјална верзија на моделот. Таа го носи името „Generation SIX“ и е изработена врз основа на моделот „Multivan Comfortline“. Специјалниот „T6“ располага со „LED“ светла, затемнети прозорци, дополнителни хромирани елементи, тапацир од алкантара и друго. Клиентите на овој модел може да нарачаат двобојна каросерија и бандажи со ретро дизајн.

transporter4

Продажбата на „Volkswagen T6“ ќе стартува пред крајот на овој месец. Цените во Германија почнуваат од 23.035 евра.

transporter5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП