26 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто бараат работодавците од кандидатите?

Што бараат работодавците од кандидатите?

article-0-01668612000004B0-928_634x424

Како и на секое интервју за работа, многу е важно вашето искуство, образование, знаење и вештини да одговараат на понудената работа. Сепак, што ако двајца кандидати се подеднакви во сето ова?

Освен овие клучни информации, работодавците ги проценуваат кандидатите и на други полиња, како што се комуникацијата и ентузијазмот.

Овие четири точки се многу важни при одлучувањето кој е најдобар кандидат:

Ентузијазам

Работодавците сакаат кандидати со позитивен став, кои чувствуваат страст кон понудената работна позиција. Потрудете се тоа да биде јасно прикажано во вашата комуникација со работодавецот.

Комуникациски вештини

Комуникациските вештини се многу важни. Ако сакате да го импресионирате работодавецот, мора да бидете во можност да го претставите работното искуство и сопствените способности со кои можете да придонесете за компанијата. Не заборавајте дека комуникацијата го вклучува и говорот на телото, односно невербалната комуникација.

Технички вештини

Внимателно анализирајте го огласот за работа за да заклучите дали располагате со потребните вештини. Истражете ги водечките луѓе на LinkedIn за да утврдите што тие бараат од работниците.

Како се вклопувате?

На разговорот за работа мора да покажете како ќе се вклопите во новата работна атмосфера. Две работи се клучни – вашата компетенција и вашата личност. Затоа не плашете се да ја покажете својата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП