26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBurberry ја зголеми продажбата за 9 %

Burberry ја зголеми продажбата за 9 %

burb6_1871695b

Британската луксузна модна куќа „Burberry“ во втората половина од фискалната 2014-2015, завршена на крајот на март, ја зголеми продажбата за 9,0 проценти, не сметајќи ги валутните ефекти, со силен раст во САД и Европа, кој ги компензираше разочарувачките резултати во Хонг Конг.

Оваа компанија, создадена пред 160 години, позната по палтата со карактеристичен дизајн, во споменатиот шестмесечен период забележа приходи од 1,423 милијарди фунти (1,98 милијарди евра), пренесува Ројтерс.

Продажбата во објектите кои „Burberry“ директно ги контролира е зголемена за 13 проценти во истиот период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП