29 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Peugeot 3008 ќе биде вистински кросовер

Новиот Peugeot 3008 ќе биде вистински кросовер

p 3008

„Peugeot“ во 2016-та година ќе ја покаже новата генерација на својот модел „3008“, пишува весникот „L’Automobile“, притоа откривајќи некои интересни детали околу возилото.

Главната вест е дека во „Peugeot“ се откажале од досегашната опција која беше обединување кросовер и миниван. Така новиот „3008“ ќе биде чист кросовер, чиј дизајн ќе биде позајмена од концептниот хибрид „Quartz“ (на сликите). Идејата на Французите е нивниот теренец да се бори за клиенти со модели како „Nissan Qashqai“ и „Renault Kadjar“.

p 30081

Новата машина ќе биде изградена на модуларната платформа „EMP2“, која е во основата на моделот „308“. Од хечбекот, новиот „3008“ ќе ја добие и палетата на мотори, во која ќе влезе и бензински турбомотор со зафатнина од 1,2 литри кој развива 130 КС. Дизелските агрегати ќе понудат меѓу 92 и 150 КС, но се очекува да има и хибридна верзија.

Освен „3008“, догодина „Peugeot“ ќе претстави и голем кросовер, кој ќе се вика „7008“. Тој ќе располага со 7 места и исто така ќе биде изграден на платформата „EMP2“. Освен со бензински и дизел мотори, теренецот ќе биде опремен и со хибриден агрегат, а сите негови верзии ќе се нудат со 8-степен автоматски менувач.

p 30082

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП