18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P го намали кредитниот рејтинг на Грција на ЦЦЦ+/Ц

S&P го намали кредитниот рејтинг на Грција на ЦЦЦ+/Ц

grcija-grcka-greece

Меѓународната агенција за кредитни рејтинзи Standard & Poor’s (S&P), објави во средата навечер дека го намалила суверениот кредитен рејтинг на Грција од Б-/Б (високо шпекулативен) на ЦЦЦ/Ц+ (значително ризичен), и соопшти дека нејзината прогноза на рејтингот е негативна, поради ризикот од влошувањето на ликвидноста на оваа земја.

„Без подлабоки економски реформи и дополнително олеснување на задолжувањето, очекуваме дека грчкиот долг и финансиските обврски ќе бидат неодржливи“, се наведува во соопштението на S&P.

Агенцијата во образложението ја наведува и грчката зависност од поволните деловни, финансиски и економските услови во исполнување на нејзините финансиски обврски. Тие услови, како што се појаснува, се вложени поради неизвесноста која произлегува од продолжените преговори меѓу новата грчка влада, водена од радикалната левица, и меѓународните доверители.

Од S&P нагласуваат и дека прогнозата на целогодишниот економски раст го сметаат многу несигурен, како и дека проценуваат оти активностите на грчката економија во последните шест месеци намалени се близу еден отсто, и покрај послабото евро и пониските цени на нафтата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП