17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАECB е истрајна на целосно спроведување на програмата за квантитативно ублажување

ECB е истрајна на целосно спроведување на програмата за квантитативно ублажување

ecb-presssssss

Европската централна банка (ECB) не планира да ја ограничи, ниту да ја скуси програмата за квантитативното ублажување, иако очекува дека економското заздравување на еврозоната ќе зајакне, ќе се прошири на поголема основа, изјави во средата претседателот на централната финансиска институција на монетарната унија, Марио Драги.

„Нашиот фокус ќе биде на целосната примена на нашите мерки од монетарната политика. Купувањата планираме да ги спроведуваме до крајот на септември 2016 година, а во секој случај додека не увидиме дека движењето на инфлацијата трајно е усогласено со среднорочно зацртаната инфлација од малку под два отсто“, изјави челникот на Европската централна банка, Марио Драги на прес-конференцијата во седиштето во Франкфурт по завршувањето на редовната седница на Управниот одбор на ECB.

Според последните процени на европското статистичко биро Eurostat, еврозоната бележи дефлација од 0,1 отсто.

Драги беше изненаден од шпекулациите за можното предвремено завршување на програмата за купување на обврзниците, имајќи предвид дека оваа мерка на сила е само еден месец. Со оваа програма предвидени се месечни купувања на обврзници, и тоа главно државни, во износ од 60 милијарди евра, а според првичните реакции позитивно влијае врз довербата.

„Со тие мерки ќе придонесеме за натамошно подобрување на економските изгледи, намалување на летаргијата во економијата, како и заздравување на растот на парите и кредитите. Очекуваме дека економското заздравување постепено ќе се рашири и зајакне“, рече натаму челникот на ECB.

Драги оцени дека се „малку претерани“ стравувањата поврзани со количеството обврзници кои може да се купат, тврдејќи дека повеќето се на располагање. „Ние не гледаме никакви проблеми. Нашата програма е доволно флексибилна, што во секој момент може да се прилагоди, доколку условите се променат“, додаде.

Истакна дека има позитивни ефекти од новите мерки на монетарната политика, воведени во март годинава. „Спроведувањето на програмата за купување на обврзниците се одвива непречено. Постојат јасни потврди дека мерките на монетарната политика кои ги воведовме се ефикасни“, порача Драги на конференцијата за медиумите.

Претходно во средата на редовната седница на Управниот одбор, ECB донесе одлука да ја задржи рекордно ниската клучната каматна стапка од 0,05 отсто.

Седницата инаку беше одржана ден порано за да Драги може да им се приклучи на министрите за финансии и челниците на централните банки од водечките светски економии од групата Г20 на пролетното заседание на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, кој ќе трае од 17-ти до 19-ти април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП