Најголемата термоцентрала на биогас во светот вчера беше отворена во Финска.
Централата во Васи, на источниот брег на Финска е со снага од 140 мегавати, и е најголема на планетава за добивање на гас од биомаса.
Новото комбинирано потрошување е инсталирано во термоцентрала која порано работеше само на јаглен.
„На ваков чекор се одлучивме се со цел е да се зголеми користењето на обновените извори на енергија и да се намали употребата на јагленот, а со тоа да се подобри надворешниот трговски баланс“, изјавил на отворањето министерот за труд, Лаури Ихалаинен.
Централата, со која управува домашната компанија „Васкилуодон Воима“, ќе користи како гориво воглавном биомаса од дрвениот отпад од шумската индустрија која е една од главните индустрии во Финска.
Па така биомасата се „гасификува“ и се меша со јагленот. Според последните резултати од централата потврдуваат дека потрошувачката на јаглен се намалува од 25 до 40 проценти.
„Наместо да увезуваме јаглен од странство и да плаќаме за правото на испуштање на загадувачки гасови, ги скративме трошоците за 15 милиони евра годишно“, вели директорот на електраната, Маури Болмберг.