6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШефот на Fiat-Chrysler ја подготвува „зделката на векот“

Шефот на Fiat-Chrysler ја подготвува „зделката на векот“

markione

Извршниот директор на концернот „Fiat-Chrysler Automobiles“ (FCA) – Серџо Маркионе, има намера да го продаде или соедини со друг голем производител, пред да се пензионира во 2018-та година, објави новинската агенција „Ројтерс“.

Според информациите главен фаворит за купување или спојување со „FCA“ е најголемиот американски концерн „General Motors“. Маркионе смета дека обединувањето меѓу двата автомобилски производители ќе и овозможи на неговата компанија да ги зацврсти позициите на пазарите во САД и Кина.

Изворот на „Ројтерс“ од банкарските кругови на САД тврди дека од „GM“ се одрекле дека пројавуваат интерес кон ваквата зделка. Тој ја објаснува ситуацијата на следниов начин: „Маркионе ја извади таблата „Се Продава“ и фрли „јадицата“ во езерото, но засега никој не се закачил на неа“.

Според други информации, Маркионе се обидел да го продаде „FCA“ на „Volkswagen Group“ или на „Peugeot-Citroen“ уште минатата година, но и двете зделки пропаднале. За какви причини, сепак не успеаја преговорите со Германците и Французите, не се објавени.

Маркионе го предводи „Fiat“ од јуни 2004-та година, а во јануари 2014-та година компанијата го објави спојувањето со „Chrysler“. Токму поради тоа си замина претседателот на „Ferrari“, Лука ди Монтеѕемоло, кој беше категорично против одлуката на шефот да пушти акции од неговата компанија на берзата во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП