21 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТри реченици кои не би требало да им ги кажете на вработените...

Три реченици кои не би требало да им ги кажете на вработените мајки

854367684552530bd35b65095556869_w640

Вработените мајки, а особено оние со мали деца, се изложени на бројни притисоци од сите страни. Во домот се грижат за финансиите, на работа се грижат за децата, а во „слободното време“ се обидуваат да направат рамнотежа помеѓу потребите од едната и другата страна.

Зошто имаш деца, ако некој друг ги одгледува?

Добро размислете пред да кажете нешто такво. Оваа изјава имплицира дека жената е лоша мајка која се впуштила во мајчинство без претходно размислување. Тоа што жените со деца работат и одат на работа не значи дека не се грижат за своите деца. Поточно, веројатно го прават тоа токму поради своите деца, односно за да можат да им овозможат повеќе квалитетни нешта. Ако и кажете ваква реченица на една самохрана мајка, очекувајте во најмала рака жестока кавга, ако не и солзи.

Добро е понекогаш да одморите од децата

Вработената мајка која има деца не оди во канцеларија за да се одмори од своите деца. Таа работи од љубов, потреба или поради пари, но никако за да одмори. Оваа изјава подразбира дека жената сте ја нарекле лоша работничка и лоша мајка.

Мораш ли да работиш? Жените би требало да бидат дома со своите деца

Денес се случува и мажите да остануваат на породилно отсуство, а жените да одат да работат доколку имаат повисоки примања. Децата често ги чуваат тетки, баби и дедовци. Всушност, живееме во модерни времиња и сите можности се допуштени. Не предизвикувајте грижа на совест кај мајките кои одлучиле да се вратат на работа. Да, децата ужасно им недостигаат во секоја секунда мината на работа. И да – мораат да работат, бидејќи немаат избор. И затоа всушност се вратиле на работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП