8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗабави растот на LVMH во првиот квартал

Забави растот на LVMH во првиот квартал

510fb1a15b8d50204201370329

Француската луксузна компанија „LVMH – Louis Vuitton-Moet Hennessy“ во првиот квартал од тековната година се соочи со пониска стапка на органскиот раст на приходите поради забавувањето на побарувачката во Јапонија, која беше очекувана, како и намалената продажба на кинескиот пазар.

Приходите од продажбата на оваа луксузна компанија во првиот квартал изнесувале 8,323 милијарди евра, за 16 проценти повеќе отколку во истиот период една година претходно, што се должи на падот на курсот на еврото во однос на доларот, пренесува Ројтерс.

Меѓутоа, кога ќе се исклучат валутните ефекти, произлегува дека растот на приходите изнесувал само 3,0 проценти, по 5,0 проценти кои беа забалежани во четвртиот квартал од 2014 година, колку што изнесуваше и растот за цела мината година, се вели во соопштението на „LVMH“.

Аналитичарите за првиот квартал оваа година очекуваа органски раст од 2,0 до 3,0 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП