3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската економија бележи „реален“ раст

Кинеската економија бележи „реален“ раст

kina

Кинеската економија е соочена со притисоци кои го забавуваат нејзиното напредување, но сепак е остварен „реален“ раст, соопшти денес кинескиот национален Завод за статистика.

Кинеската економија во првиот квартал оваа година, од јануари до март, оствари раст од седум проценти, што е најнискиот квартален резултат во последните шест години.

Портпаролот на Заводот за статистика Шенг Лаијун на конференцијата за новинарите изјави дека стапката на невработеност е на ниво од 5,1 проценти, но не прецизираше точно за кој период.

Економистите очекуваат дека кинеските власти ќе реагираат со дополнителни стимулациони мерки на податоците за забавување на економскиот раст.

Во четвртиот квартал 2014 година, растот беше на ниво од 7,3 проценти.

Послабите резултати се забележани во сите клучни економски сектори, вклучувајќи го и извозот, индустриското производство и малопродажбата, а особено во областа за инвестиции во недвижнини.

Во овој сегмент во првиот квартал остварен е раст од 8,5 проценти, што е најслабиот резултат од 2009 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП