17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕнергетскиот сектор го поттикна растот на индексите Dow Jones и S&P 500

Енергетскиот сектор го поттикна растот на индексите Dow Jones и S&P 500

Wall Street Premarket

На Волстрит во вторникот индексите Dow Jones и S&P 500 благо пораснаа, бидејќи подемот на цените на нафтата ги поттикна акциите во енергетскиот сектор, а позитивно врз пазарот влијае и солидните квартални деловни резултати на неколку компании.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,33 отсто, на 18.036 поени, додека индексот S&P 500 зајакна 0,16 проценти, на 2.095 поени, додека индексот Nasdaq ослаби за 0,22 отсто, на 4.977 индексни поени.

Искачувањето на индексите Dow Jones и S&P 500, по падот од вторникот, дојде во прв ред поради растот на цените во енергетскиот сектор, за 1,7 отсто, при што акцијата на „Exxon“ поскапе за  1,5, а на „Chevron“ за 2 отсто.

На лондонскиот пазар цената на барел нафта во вторникот зајакна за 50 центи, на 58,43 долари, додека на американскиот пазар скокна за 1,4 долари, на 53,30 долари. Ова движење е производ на процените дека производството на нафта од шкрилци во САД во мај ќе падне првпат по четири години, но и поради слабеење на американскиот долар.

Доларот во вторникот во однос на кошницата шест светски валути најголеми трговски партнери во САД, загуби 0,75 отсто. Меѓутоа, од почетокот на годината беше во добивка од 10 отсто, па вложувачите стравуваат дека високиот курс на доларите ќе им наштетат на приходите и заработките на американските мултинационални компании коишто така нема да бидат конкурентни.

Поради силниот долар, ниските цени на нафтата и студената зима, аналитичарите последните месеци остро ги намалија процените за заработката на американските компании. „Овие три негативни челни ветрови ги наведоа аналитичарите на остро намалување на процените на заработките на компаниите, очекувајќи го најлошото сценарио. Ова би можело да биде една од досега најомразените сезони на квартални деловни извештаи“, вели за Reuters Арт Хоган, стратег во компанијата „Wunderlich Securities“.

Уште почетокот на годинава аналитичарите очекуваа раст на заработка на компаниите од составот на S&P 500 индексот во првиот квартал од годинава за 5,3 отсто во однос на истиот ланскиот период, додека во најновата анкeта Reuters проценуваат дека заработките паднале за 2,9 отсто.

Доколку тоа се покаже точно, би претставувал најслабиот квартал уште од третиот квартал во 2009 година. Меѓутоа, аналитичарите обично процените за резултатите ги поставуваат многу ниско, за на компаниите да им бидел полесно да ги натфрлат, а тоа отвора простор за раст на цените на акциите. „Така остро намалените процени значи дека на компаниите ќе им биде полесно да ги импресионираат инвеститорите“, вели Хоган.

Цената на акциите „ЈPMorgan Chase“ во вторникот во порасна за 1,6 отсто, откако најголемата американска банка според активата извести за раст на добивката во првиот квартал од 12 отсто, што е повеќе отколку што се очекуваше. Акцијата на „Intel“ поскапе, пак, за повеќе од 2 отсто, откако најголемиот светски производител на чипови во првиот квартал остварил резултати согласно предвидувањата, но најави остро намалување на капиталните инвестиции. Акцијата на „Nokia“, пак, поевтини за 4 отсто, по вестите дека оваа финска телекомуникациска компанијата преговара за преземање на францускиот „Alcatel-Lucent“, чијашто акција, пак, скокна за повеќе од 13 отсто.

И покрај растот на индексите Dow Jones и S&P 500, на пазарите владее претпазливост, на што укажува и потпросечниот обем на тргувањето. На американските берзи сопствениците во вторникот ги замениле 5,8 милијарди акции, додека просечниот дневен обем од почетокот на април изнесува околу 6,1 милијарди акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП