26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦЕА: Елитите да ја надминат политичката криза и да почнат да разговараат...

ЦЕА: Елитите да ја надминат политичката криза и да почнат да разговараат за економската иднина

cea logo111

Владата треба да направи целосна евалуација на даночниот систем и системот на придонеси во контекст на ефектите од промената на парадигмата на јавните финансии од 2006-та година.

Ова се вели во соопштението на Центарот за економски анализи (ЦЕА), во кое уште се додава дека постоечката целокупна криза во која се наоѓа државата наскоро ќе мора да се надмине и политичките елити ќе мора да седнат и да преговараат и конечно да постигнат политички консензус за економската иднина на Републиката.

„Треба исто така значајно да се преиспитаат и резултатите/перформансите и ефектите кои ги предизвикува широката структура на владини мерки – дали тие се во интерес на сите граѓани, дали тие на долг рок се одржливи, што истите значат за социјалното раслојување на државата, а што за економската ефикасност итн.“, се вели во соопштението од ЦЕА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП