10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКК Работнички: Ќе докажеме дека одлуката да не играме против К. Соколи...

КК Работнички: Ќе докажеме дека одлуката да не играме против К. Соколи е правична

rabotnicki2

Комисијата за натпреварување при МКФ, во вторникот, донесе одлука да го исфрли од Супер лигата најтрофејниот македонски клуб Работнички. Работнички во саботата одби да настапи против Карпош Соколи, по што мечот беше решен со 20-0 за „соколите“, претходно Работнички на зелена маса загуби од МЗТ Скопје.

По повод новонастанатата состојба, во која најголем губитник е македонската кошарка, со соопштение се огласија од таборот на актуелниот освојувач на Купот на Македонија.

„По последниот развој на настаните КК Работнички ќе ги преземе сите неопходни мерки да ја докаже правичноста на својата одлука да не го одигра натпреварот против КК Карпош Соколи.

Имено како што веќе е наведено во жалбата која ја доставивме до Арбитражната комисија при МКФ, КК Карпош Соколи не ја заврши пререгистрацијата во акционерско друштво до почетокот на Супер лигата и со тоа го губи правото да учествува во истата.

КК Работнички покрај Арбитражата ќе покрене обвиненија против сите оние кои учествувале и продолжуваат да учествуваат во прекршување на Законот за спорт и кои му дозволиле на КК Карпош Соколи незаконски да биде дел од Супер лигата.

Според член 49.3 од Пропозициите за натпреварување, натпреварот, односно колото не може да биде регистрирано се додека не се исцрпат сите правни инстанци, а со тоа не може да се отпочне со второто коло од Супер лигата бидејќи во тој случај екипите кои ја сочинуваат истата немаат ист третман.

Уште еднаш, ги повикуваме надлежните лица да не потпаѓаат под влијание на едно или две лица кои ја третираат Македонската кошаркарска лига како нивна приватна сопственост.

„Секој оној кој го крши Законот или свесно сака да и наштети на Македонската кошарка и спорт, треба да биде свесен за последиците“, се вели во сооштението на КК Работнички.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП