24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSpaceX не успеа да го сочува Falcon 9 за ново лансирање

SpaceX не успеа да го сочува Falcon 9 за ново лансирање

fal

Приватната американска корпорација „SpaceX“ повторно не успеа да го сочува за повторно лансирање првиот степен од ракетата „Falcon 9“ која беше лансирана од космодромот Кејп Канаверал, објави извршниот директор на компанијата, Илон Маск.

„Полетот беше успешен, Dragon e на пат за ISS (Меѓународната вселенска станица), ракетата се приземји на платформата, но премногу грубо за да преживее“, напиша Маск на својот Twitter.

Во февруари годинава, при лансирањето на сателитот DSCOVR првиот степен на ракетата „Falcon 9“ имаше меко спуштање во океанот, но поради неповолните временски услови пловечката платформа не беше насочена кон местото на атерирање на ракетата.

Корпорацијата „Space Exploration Technologies (SpaceX)“ претходно објави дека развива технологијата за повеќекратно користење на ракета. Доколку успее во тоа, компанијата ќе може да го користи реактивниот степен повеќекратно, што целосно ќе ја промени економичноста на лансирањата. Првиот експеримент на „Faлcon 9“ на подвижна платформа во океан се исклучи во јануари годинава и заврши неуспешно.

Вселенската компанија „Space Exploration Technologies (SpaceX)“ во почетокот на декември 2010 година од космодромот Кејп Канаверал го изврши првото лансирање на ракетата „Falcon 9“ со пробната беспилотна капсула „Dragon“, со што стана првата приватна компанија која се обидува да лансира влеселнско летало.

Оваа капсула во иднина американската весленска агенција NASA има намера да ја користи за своите потреби, бидејќи леталото „Dragon“ може да понесе во космосот седум лица. Основанта намена не е само за орбитални летови, туку да може да се употребува и за доставување разни материјали за објекти во орбитата, на пример за потребите на Меѓународната вселенска станица (ISS).

Овој проект предвидува по лансирањето и ослободувањето од ракетата носач, леталото да може да изврши самостоен лет со времетраење од четири до пет часа, за тоа време двапати обиколувајќи ја Земјата. За време на летот, „Dragon“ до центарот пренесува телеметрички податоци и добива команди за маневрирање.

Капсулата „Dragon“ е создадена во рамките на проектот COTS (Commercial Orbital Transportation Services), што почна да го реализира NASA во 2006 година за градба на вселенски бродови способни за летови до ISS затоа што дотогашните шатл летала беа повлечени од употреба во 2011 година. Ова летало се состои од два модула: команден дел и цилиндричен инструмнентарно-агрегатен дел. Снабдувањето со енергија го овозможуваат соларни панели и батерии. Целокупната поставеност и изгледот на овој вселенски брод е сличен на вселенските летала од серијата „Apollо“ и во скоро време проектираните нови вселенски бродови „Orion“.

Посебна гордост на програмерите, како што истакнува NASA, е концептот за безбедност на леталото. Имено под капсулата се наоѓа резервен модул, кој во случај на хаварија на „Dragon“ може да го спаси екипажот, бидејќи за извонредно кусо време се одвојува од бродот.

Првото лансирање на „Falcon 9“ се случи во јуни 2010 година, а пред тоа во февруари и во април, компанијата „SpaceX“ спроведе конечно тестирање на моторите и целосната функционалност на вселенскиото летало. Во август истата година, „SpaceX“ изврши и пробно слетување на капсулата „Dragon“, која беше спуштена од височина од 14,5 километри, во областа на американската морнаричка база „Вандербург“ во Калифорнија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП