27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на книгата „Се случува вечност“ од Радован Павловски

Промоција на книгата „Се случува вечност“ од Радован Павловски

se-slucuva-vecnost

Книгата „Се случува вечност“ од Радован Павловски, добитник на наградата „Ацо Шопов“ за 2014 на ДПМ, ќе биде промовирана во среда во спомен-собата на Миладиновци, во градската библиотека Браќа Миладиновци.

За најновата поетска книга на Павловски ќе зборуваат академик Милан Ѓурчинов и Бранко Цветкоски, а стихови ќе интрепретира актерот Томе Витанов.

Академик Радован Павловски, поет, есеист, патописец, колумнист, роден е на 23 ноември 1937 година во Ниш, Србија, каде неговото семејство престојувало како печалбари. Подоцна со семејство се враќа во Железна Река, поетската татковина и митското село на Радован Павловски, сместено во подрачјето меѓу Гостивар, Кичево и Поречје во Западна Македонија.

Основното образование го завршил во Железна Река, средното во Гостивар и студирал право и литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Од 2006 година е редовен член на Македонската академија на науките и уметностите. Автор е на многу поетски книги кои оставиле длабоки вредносни карактеристики и обележја кои изобилуваат со убавини и уникатности во македонска поезија. Добитник е на сите позначајни книжевни награди за поезија во Република Македонија, носител е на високи поетски награди од поранешните поетски и културни југословенски простори, како и на влијателни светски признанија за животно дело, од кои се одделува Наградата за врвни достигнувања во 20 век од Меѓународниот биографски центар од Кембриџ, која е неповторлива во наредните стотина години. Радован  Павловски е застапен во и во ’Биографиите на 2.000 исклучителни луѓе на 20 век’. Преведуван е на многу светски јазици и е застапен во сите антологии на современата македонска поезија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП