27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција гради прва нуклеарна централа

Турција гради прва нуклеарна централа

asd

Турција во вторникот на југот на земјата започна со изградба на прва нукеларна централа, градилиште од 19 милијарди евра, за да ја намали енергетската зависност од странство, но предизвика протести на еколозите.

Турскиот минситер за енергетика Танер Јилдиз и Сергеј Кириленко шефот на руската агенција за атомска енергија Росатом, која е изведувач на работите, поставија во Акују на средоземното море камен темелник на првиот од четирите реактори, со сила од 1.200 мегавати поединечно.

Јилдиз истакна дека „без нуклеарна енергија нема развој на државата“.

Неколку десетини еколошки активисти на повик меѓу другите и на Greenpeace ја попречуваа свеченоста блокирајќи ги приодните патишта поради што интервенираше полицијата со водени топови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП