2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција од јуни ќе исплатува бенефиции за сиромашните

Грција од јуни ќе исплатува бенефиции за сиромашните

grcija12knhyrt55

Бенефициите кои ги вети новата грчка влада како вид поддршка за најсиромашните граѓани ќе започат да се исплатуваат од јуни, изјави во средата Теано Фотиу, службено лице задолжено за социјална солидарност.

Околу 30.000 домаќинства ќе примаат од 70 до 220 евра како помош за подмирување на сметките, додека 300.000 домаќинства ќе добиваат бонуси во слични  износи за купување на храна, пренесува агенцијата Франс прес.

Левичарската Сириза и покрај притисокот од ЕУ да се откаже од наведените мерки, минатиот месец го „протурка“ законот за социјална заштита во парламентот.

Бенефициите чија вредност се проценува на 220 милиони евра ќе бидат финансирани исклучиво преку намалување на трошоците на министерствата, рече заменик министерот за финансии Димитрис Мардас.

Законот, меѓу другото, подразбира вклучување на струја за најсиромашните домаќинства на кои им е исклучена електричната енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП