5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрогнозата за пад на производството од шкрилци ја крена цената на нафтата

Прогнозата за пад на производството од шкрилци ја крена цената на нафтата

nafta33

Цената на нафтата порасна денеска на светските берзи над 58 долари за барел, поттикната од прогнозите дека американското производство од шкрилци ќе забележи прв месечен пад за повеќе од четири години, а дополнителна поддршка пружа и напнатоста во Јемен.

На лондонската берза, цената на барел нафта порасна за 30 центи во однос на претходното затворање, на 58,23 долари. На американската берза со барелот се тргува по 40 центи повисока цена, од 52,31 долари.

Американската влада процени во понеделникот дека производството на шкрилци во мај ќе се намали за 45.000 барели дневно, на 4,98 милиони барели дневно. Токму благодарение на овој извор американското производство од 2010-та година е зголемено за над четири милиони барели дневно, силно притискајќи ја цената на светските берзи во 2014 година. Падот на цената ја доведе во прашање исплатливоста на производството на нафта од шкрилци.

„Ова е мала промена, само една капка во морето, но е причина за купување. Многу шпекуланти сметаат дека нафтата е евтина и бараат причина за влез на пазарот“, толкува Карстен Фрич од франкфуртски Commerzbank.

Дополнителна поддршка на цената пружа и напнатоста на Блискиот исток, особено во Јемен, каде поради влошената безбедност затворено е производството за течен природен гас. Јемен произведува малку нафта, само околу 130.000 барели дневно во изминатите месеци, но аналитичарите стравуваат дека тамошната граѓанска војна би можела да ја дестабилизира соседна Садиска Арабија.

„Геополитичките ризици на нафтените пазари остануваат зголемени. Гледано од перспектива на темелните фактори, се очекува сепак дека снабдувањето од Блискиот исток ќе остане на високо ниво, со оглед на порастот на производство до Саудиска Арабија и Ирак“, се вели во белешката на аналитичарите на JP Morgan.

Одделно OPEC на својата интернет страница објави дека во понеделникот цената на кошничка нејзина нафта изнесувала 55,86 долари, што значи дека порасна за 1,82 долари во однос на претходниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП