21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗПолскиот суперавтомобил доби 800 КС (фото)

Полскиот суперавтомобил доби 800 КС (фото)

polska kola2

Полската компанијата „Arrinera Automotive“ на автомобилскиот саем во Познан ја претстави доработена верзија на својот прв модел – суперавтомобилот „Hussarya“.

Претставник на брендот соопшти дека развојот на сериското купе, кое се потпира на мотор со моќност од 800 КС и 900 Нм вртежен момент, се наоѓа на финалниот стадиум. Тоа ќе биде опремено со 8,2-литарски мотор со 8 цилиндри, производство на „General Motors“. Други детали за агрегатот не беа обелоденети.

polska kola

Претходниот прототип прикажан во 2014-та година, е управуван од 6,2-литарски „V8“ со моќност од 650 КС, кој работи во комбинација со роботизиран менувач, производство на италијанската компанија „CIMA“. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч го остварува за 3,2 секунди, а до 200 км/ч – за 8,9 секунди. Максималната брзина на возилото е 340 км/ч.

Првично Полјаците планираат да пуштат 33 примероци од автомобилот, од кои 15 ќе бидат произведени до крајот на оваа година. Цената на „Arrinera Hussarya“ е 200.000 евра, а до сега над 200 лица пројавиле интерес за купување на возилото. 37 од потенцијалните клиенти се Полјаци.

polska kola1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП