13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатарски бизнисмени заинтересирани за инвестирање во Ѓорче Петров

Катарски бизнисмени заинтересирани за инвестирање во Ѓорче Петров

Image (11)

Бизнис делегација од Катар е заинтересирана за инвестирање во општината Ѓорче Петров.

По тој повод, странската делегација денес беше примена од Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски, при што станало збор за неколку локации погодни за изградба на Дом за стари лица со поголем капацитет, кој ќе опфати и парковска површина и за изградба на резиденцијален објект.

Градоначалникот Митровски  истакна дека општината Ѓорче Петров станува сè поатрактивна дестинација и привлечна локација за инвестиции  што се должи на континуираното добро просторно планирање  и урбанизацијата со поддршка на развиена инфраструктура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП