7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на Телеком Словенија загубија десетина од вредноста

Акциите на Телеком Словенија загубија десетина од вредноста

<

Акциите на Телеком Словенија денес загубија речиси една десетина од вредноста, по информацијата дека задолжителна понуда на тендерот за продажба на Телекомот доставил само британскиот инвестициски фонд Cinven, додека германски Deutsche Telekom, кој со месеци беше споменуван како најверојатен стратешки партнер, на крајот се откажал.

Вредноста на акцијата на Телеком Словенија во првите часови од тргувањето на Љубљанската берза во вторникот загубија 9,22 отсто од вредноста и падна на 116 евра, одразувајќи ја недовербата меѓу сопствениците на акциите дека телеоператорот оваа година навистина ќе биде продаден по цена која би им обезбедила сигурна премија.

Словенечката влада пред две години на листата компании и банки со државен удел кои се реши да ги продава го стави и Телеком Словенија, распишувајќи тендер за продажба на 72 отсто од акциите.

Станува збор за трет обид во последните десет години,а претходните постапки беа сопрени поради оценката на сопствениците дека не е постигната вистинска цена во преговорите со потенцијалните купци.

Исландската компанија Skipti за акцијата на Телеком Словенија пред осум години понуди дури 400 евра, во време на инвестицискиот „балон“ на берзите, пред избивањето на финансиската криза но понудата беше одбиена.

Според оценките на словенечките берзански аналитичари малку е веројатно дека понудата на британскиот фонд ќе биде прифатена и дека Телекомот ќе биде продаден во текот на годината.

Според одредени шпекулации, британскиот фонд понудил помеѓу 105 и 115 евра по акција, што се оценува за лоша цена која може да биде одбиена, а постапката за приватизација да биде прекината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП