16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМосква размислува да ги ублажи земјоделските санкции за Грција, Кипар и Унгарија

Москва размислува да ги ублажи земјоделските санкции за Грција, Кипар и Унгарија

F

Москва размислува да ги ублажи земјоделските санкции за Грција, Кипар и Унгарија, па грчките праски, кипарските портокали и унгарските јаболка би можеле повторно да се продаваат на рускиот пазар.

Поради ова инспектори од руската служба за земјоделство и фитосанитарен надзор ќе ги посетат Грција, Унгарија и Кипар.

Тие ќе ги проверуваат земјоделските претпријатија кои испорачуваат овошје, зеленчук и преработки во Русија.

Грција јавно ја замоли Русија да и го укине ембаргото за овошје. Се работи за извозници кои до вовоедувањето на сакциите против Русија и руското контраембарго работеле со руски компании.

Во секоја од овие земји работат по две групи инспектори.

„Инспекцијата ќе трае од 20 до 30 април“ изјави за весникот Газета помошникот на Rosselkhoznadzor, Алексеј Алексеенко.

Грција, Кипар и Унгарија најавија дека нема да ги поддржат продолжувањето на европските санкции кон Русија и оценија дека од санкциите сите имаат штета и дека украинската криза нема да биде решена на тој начин.

Останатите земји на Европската унија остануваат под контра санкциите на Москва на земјоделските производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП