Буџетскиот дефицит на Франција на крајот на февруари оваа година изнесуваше 23,4 милијарди евра, додека во истиот период една година претходно тој беше 25,7 милијарди евра.
Буџетските трошоци на ден 28 февруари достигнале 64,2 милијарди евра, за разлика од 64,8 милијарди евра една година претходно, што е пад од 0,9 проценти, покажуваат податоците на Министерството за буџет.
Истовремено, приходите пораснале на 47,9 милијарди евра во однос на 46,8 милијарди на крајот на февруари 2014 година, со раст од 2,4 проценти, пренесува Ројтерс.
Со финансискиот закон за 2015 година, владата во Париз предвиде буџетски дефицит во износ од 74,4 милијарди евра, по дефицитот од 85,6 милијарди во 2014 година.