28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако на интервјуто за работа да одговорите на прашањето за платата?

Како на интервјуто за работа да одговорите на прашањето за платата?

Evaluating-Job-Offers-Salary-Negotiations-640x330

Без разлика колку успешно тече разговорот за работа, секогаш доаѓаме до една точка која не доведува на несигурна територија – прашањето за платата.

Прашањето „Колкава плата очекувате?“ е едноставно и директно прашање, но одговорот е значително комплексен. Од една страна, сакате висока плата, но што ако големите барања ве исфрлат од трката за работа? Од друга страна, ако целите ниско, можно е работодавецот да започне да преговара за уште пониска плата и на крај ќе работите за милостина.

Можеби не постои вистински одговор, но постојат неколку работи за кои вреди да размислите?

Морам ли да одговорам на тоа прашање?

Без разлика колку е тешко да одговорите, уште потешко е да не одговорите, особено ако пополнувате онлајн прашалник кој не дозволува прескокнување на прашањето. Ако сте, сепак, на интервју за работа, можете да се обидете да заобиколувате. На пример, можете да кажете дека сметате дека износот на платата би требало да одговара на вашето образование и квалификациите. Можете да кажете дека тоа сепак зависи од описот и обемот на работа. Сепак, секогаш постои шанса дека работодавецот ќе побара конкретна бројка, затоа рамислете пред интервјуто. Подгответе барем една граница под која нема да одите. Со други зборови, не дозволувајте тоа прашање да ве фати неподготвени.

Како да го одредите приближниот износ?

Тоа зависи од тоа колку ја сакате работата, индивидуалните услови за живот, образованието и сл. Освен тоа, проверете колкав е износот на просечната плата во таа индустрија во која барате работа и на тој начин одредете го соодветниот износ за вас. Тоа можете да го дознаете и на порталите за барање на работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП