Германскиот печат откри први детали за следниот модел од линијата „BMW i“. Според германското издание „AutoBild“ новиот хибрид на „баварците“, кој го носи името „BMW i5“, ќе се појави на пазарот во 2018-та година.
Автомобилот ќе располага со 4 или 5 врати, а во неговата основа ќе биде продолжена верзија на „5-Series“ за кинескиот пазар. Каросеријата ќе биде доста лесна, благодарение на конструкцијата од лесен челик и алуминиум, комбинирани со јаглеродни влакна, од кои ќе бидат направени некои елементи.
Идното „BMW i5“ ќе го добие агрегатот „Power eDrive“ кој беше прикажан на прототипот од минатата година „5-Series GT“. Во него влегуваат бензински мотор со 218 КС и електромотори со 150 и 272 КС. Вкупната моќност на машината ќе биде околу 650 КС.
Должината на новиот модел ќе биде околу 5 метри – горе-долу толку е „BMW 6-Series Gran Coupe“. Стилски „i5“ сепак ќе има доста сличности со следната генерација на „7-Series“ што треба да ја видиме до крајот на годината.
Според друго издание – „Automobile Magazine“, хибридот на „баварците“ ќе треба да се натпреварува со „Tesla Model S“. Се очекува цената на автомобилот да биде не помала од 100.000 американски долари, како во „BMW“ предвидуваат годишно производство од 30.000 примероци.