18 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Танц фест“ вечерва во МНТ

„Танц фест“ вечерва во МНТ

Image (8)

Со премиера на „Скопје танцов театар“, со наслов „СМС (сите мои слики)“, ќе биде отворено годинашното издание на „Танц фест“ вечерва од 20 часот, на големата сцена на МНТ.

Претставата е во кореографија и режија на уметничката директорка на фестивалот, Рисима Рисимкин, со која таа одбележува 35 години уметничка дејност. Музиката е на Дуке Бојаџиев, костимите на Благој Мицевски, сценографијата на Матеј Мијанович, шминка Небојша Пешевски.

СМС (сите мои слики) е претстава која се раѓа од имагинацијата на кореографот, слики кои на некој начин раскажуваат една нераскажана приказна… за себе, за чувствата, за љубовта, за тагата…

“…сите слики кои ги сонував, сите песни кои ги сакав, целиот живот кој сакав да биде мој, кој во моментот кога го одживував, стануваше туѓ”

Настапуваат: Анастасија Данчевска, Адријана Данчевска, Матеа Киселичка, Александра Петрушевска, Андрјана Андреева, Дора Кокољ, Роберт Кентер, Валентино Апостоловски, Јакуб Мунко, Етимос Тимаѓорѓис, Тринга Хуса и Патрик ди Куирико.

Претставата повторно ќе се игра на 17 април на сцената на Велешкиот народен театар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП