21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија трпи негативни последици од слабите инвестиции

Германија трпи негативни последици од слабите инвестиции

germanija-investicii-pad-rast

Германскиот јавен и приватен сектор мора значително да ги зголеми инвестициите, за да обезбеди продолжување на растот на економските активности и отворање на нови работни места, сметаат аналитичарите.

Министерот за економија Сигмар Габриел собра група од 21 експерт, вклучувајќи и економисти и синдикални лидери, како и претставници на финансискиот сектор и компаниите, за да ја анализираат состојбата со инвестициите и да дадат препораки за нивно зголемување.

Експертите констатирале дека Германија трпи негативни последици од многу слабите вложувања.

Во нивниот извештај не е наведен потребниот износ за инвестирање, но претседавачот со групата Марсел Фратцшер од економскиот институт DIW, за весникот Билд соопшти дека вкупната вредност на инвестициите на годишно ниво од 100 милијарди евра е помала од она што треба да биде.

„Поголем дел од тој заостаток се однесува на приватниот сектор“, додаде Фратцшер.

Тој додаде дека само инвестициите во транспортниот сектор би требало да бидат поголеми за седум до десет милијарди евра.

Според него, Владата мора да го реши тој проблем што поскоро, бидејќи одложувањето повлекува и поголеми трошоци.

Со зголемување на јавната потрошувачка, експертите предложија Владата да воспостави нови инструменти за да се мобилизира приватниот капитал за поправка на старите и изградба на нови патишта.

Сугерираа и основање на фонд што би овозможил и вклучување на штедачите во финансирање на такви проекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП