24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Украина банкротирале 46 банки

Во Украина банкротирале 46 банки

bank uk

Украинската криза негативно се одрази врз банкарскиот систем во државата, па претходната година банкротираа 46 банки.

Директорот на украинскиот Фонд за обезбедување на депозитите Константин Ворушчилин рече дека главна причина за пропаста на десетина банки во таа држава е „неморалното однесување на менаџерите на банките“.

„Основна причина е што банкарските службеници буквално ги крадат парите и ги користат за свои потреби“, оцени Ворушчилин.

Други причини се големите проблеми во кои се наоѓа економијата по огромниот пад на извозот, смалување на потрошувачката и раст на цените на производството.

„Фондот прави сè на Украинците да им ги исплати нивните загуби, но нашите ресурси едноставно не се доволни. На почетокот на април тие изнесуваа 16,1 милијарди долари“, наведе Ворушчилин.

Како што пишуваат германските медиуми, Фондот ќе мора да се потпре на надворешно финансирање, а тоа значи дека и тој товар ќе падна на грбот на даночните обврзници на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП