19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРок за Атина до 20 април

Рок за Атина до 20 април

atinatrojka

ЕУ на Грција и даде временски рок до 20 април да ја претстави листата со прифатливи реформи за да може да ја добие последната транша од пакетот за финансиска помош, пишува германскиот дневник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Весникот, повикувајќи се на неименувани извори, наведува дека министрите за финансии на еврозоната го одредиле овој рок за да имаат доволно време да го проучат предлогот на Атина пред состанокот закажан за 24 април.

Преговарачите од Грција и ЕУ се обидуваат да постигнат напредок во разговорите околу последната транша вредна 7,2 милијарди евра, бидејќи Атина одби да ја разгледа можноста за намалување на пензиите и платите на државните службеници.

Грчката Влада не сака да ги прифати новите мерки за штедење во државната потрошувачка и се обидува да ги зголеми приходите преку подобрување на даночните плаќања.

Грчката Влада, исто така, ќе започне со разгледување на нацрт-закон со цел повторно да се ангажираат 4.000 државни службеници, кои претходното беа отпуштени поради мерките за штедење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП