3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСвлечиште на патот Прилеп-Ресен, сообраќајот во прекин

Свлечиште на патот Прилеп-Ресен, сообраќајот во прекин

svleciste22

Сообраќајот на патниот правец Прилеп-Ресен е повторно во прекин поради појава на свлечиште на патниот правец А3 на обиколницата кај Битола, поради што возилата се пренасочуваат низ градот Битола.

На патниот правец Скопје – Велес одронот е исчистен и сообраќајот е нормализиран. Од превентивни причини сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 500 метри, за што е поставена соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

На патниот правец Удово – Гевгелија, на клучката кај селото Марвинци, сообраќајот се одвива по една коловозна лента. На регионалниот пат Гевгелија – локалитет “Смрдлива вода” во месноста Длабок дол, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лентa поради појава на свлечиште.

На територија на Струмица, поради оштетување на мост на река Турија, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на локалниот пат меѓу селата Просениково и Сарај, а сообраќајот се одвива по заобиколен пат.

На патниот правец Р2232 Кочани – Злетово, кај селото Киселица сообраќајот се одвива со ограничена брзина од 30 километри на час, поради слегнување на коловозот во должина од 50 метри. Поставена е соодветна сигнализација.

Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец меѓу селата Дурачка река и Дренак во должина од седум километри.

На регионалниот пат Куманово – Кратово кај излезот на селото Железница има попуштеност на асфалт во должина од 10 метри и поставени се знаци за предупредување.

На патниот правец Лакавица – Неготино на 7 километри над село Лесковица има пропаѓање на патот во должина од 200 метри на кој е извршена санација. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. На овој дел сообраќајот се одвива забавено.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трaботивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП