9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch ја намали прогнозата за инвестицискиот рејтинг на Бразил

Fitch ја намали прогнозата за инвестицискиот рејтинг на Бразил

brazil1155

Американската агенција за кредитен рејтинг „Fitch“ ја намали прогнозата за инвестицискиот рејтинг на Бразил „BBB“ на „негативна“ од „стабилна“.

Причината за тоа е заканувачката опасност од пропаѓање на напорите на претседателката Дилма Русев за баланс на економската нерамнотежа.

„Континуирано лошиот економски учинок на Бразил, зголемената макроекономска нерамнотежа, влошеноста на фискалните пресметки и порастот на владината задолженост, го зголемуваат притисокот на суверениот рејтинг на Бразил“, наведува „Fitch“ во своето соопштение, пренесува агенцијата Франс прес.

Економијата на Бразил, седмата најголема економија восветот, во минатата година оствари раст од 0,1 проценти, бидејќи растечката инфлација ги уништи ефектите од Светското фудбалско првенство кое во јуни и јули се одржа во Бразил.

За оваа година се очекува пад на економијата на Бразил за еден процент, пренесува француската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП