27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКараван ширум земјата за подобро запознавање на граѓаните со проектот ’Купи куќа,...

Караван ширум земјата за подобро запознавање на граѓаните со проектот ’Купи куќа, купи стан’

kupikukja

Министерството за финансии, со цел да го доближи проектот ’Купи куќа, купи стан’ до секој граѓанин, од следната недела стартува Караван по градовите низ Македонија.

Според концептот „сите информации за проектот на исто место“ планирани се презентации од страна на луѓето од Министерство за финансии, банките и локалните градежни компании во девет градови.

Караванот стартува следната недела на 16 април со презентација во општината во Охрид во 17:30 часот и продолжува секој нареден четврток во друг град.

Ова е распоредот на Караванот Купи куќа, купи стан: 16 април во Охрид, 23 април во Битола, 30 април во Прилеп, 7 мај во Гевгелија, 14 мај во Струмица, 28 мај во Тетово, 4 јуни во Велес и Куманово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП