Стапката на невработеност во Грција падна на најниско ниво во последните две и пол години, додека индустриското производство порасна со најбрзо темпо во последните три месеца, покажуваат податоците од Атина.
Стапката на невработеност во Грција во јануари паднала на 25,7 отсто од декемвриските 25,9 отсто.
Одвоените податоци покажаа дека индустриското производство во февруари на годишно ниво пораснало за 1,9 отсто, по јануарскиот пад од 0,2 отсто, додека поторшувачките цени во март паднале 1,9 отсто.
Грчките власти сега се фокусирани на 24 април, кога се среќаваат министрите за финансии на еврозоната, од кои ќе зависи пуштањето на преостанатите 7,2 милијарди евра кредит за Атина од пакетот меѓународна помош.