5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата скокна кон 57 долари

Цената на нафтата скокна кон 57 долари

nafta 35

Цената на нафтата скокна денеска на светските берзи, во потрага по рамнотежа во силниот пад во претходниот ден, кој беше поттикнат од новиот скок на залихите во САД и рекордното саудиско производство.

На лондонската берза цената на барелот порасна за 1,37 долари во однос на претходното затворање, на 56,92 олари, додека на американската берза со барелот се тргува по 1,03 долари повисока цена, од 51,45 долари.

Во средата цените на двете берзи потонаа за 3,50 долари, под влијание на податоците на американската влада за скокот на залихата на сировата нафта во минатата недела, за дури 10,95 милиони барели, најмногу за 14 години, на ново рекордно ниво од 482,4 милиони барели. Дополнителен товар беше податокот дека Саудиска Арабија во март произвела рекордни 10,3 милиони барели дневно.

Денеска трговците сепак заклучија дека вчерашните распродажби беа претерани, па уследи разумна корекција.

„Вчера цената на нафтата потона на дното од распонот од 55 до 60 долари, по што логично е да закрепнува. Изминатите денови имаше силни осцилации“, констатира Карстен Фрич од  Commerzbank.

Слични размери во осцилацијата беа последен пат забележани на кулминацијата на глобалната финансиска криза 2008/09 година.

Расположението на инвеститорите и натаму е слабо поради тврдокорното високо производство и скромната побарувачка, сметаат аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП