26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот во нагорен тренд

Доларот во нагорен тренд

dolari srb

Курсот на доларот денеска во тргувањето на светските берзи достигна највисоко ниво за една недела кон кошничката валути, откако изјавите на двајца функционери на американската централна банка ги поттикнаа очекувањата за раст на каматите во САД.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута кон шест водечки светски валути, зајакна за 0,4 отсто на 98,386 поени, највисоко ниво во последната недела.

Притоа доларот зајакна кон еврото 0,3 отсто, па со единствената европска валута се тргува по 1,0744 долари.

Истовремено американската валута зајакна кон јенот 0,1 отсто, на 120,25 јени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП