16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилниот германски извоз поттикна раст на европските берзи

Силниот германски извоз поттикна раст на европските берзи

EUROPE-30115

Цените на акциите на европските берзи пораснаа во четвртокот благодарение на силниот раст на германскиот извоз и извештајот за зголемената продажба на автомобили во Европа.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу 13.00 часот беше во плус 0,4 отсто, на 1.617 поени, откако вчера благо падна.

Истовремено лондонски FTSE индекс се зголеми за 0,55 отсто, на 6.975 поени, франкфуртски DAX беше во плус 0,39 отсто, на 12.083 поени, а париски CAC порасна 0,79 отсто, на 5.177 поени.

Цената на акциите на автомобилскиот компании остварија најголем раст, благодарение на податоците за зголемената продажба во Европа.

Цената на акцијата на Renault порасна над два отсто, а на BMW 1,7 отсто. Во просек цените на акциите на автомобилските компании поскапеа за 0,8 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП