18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕБРД: На компаниите во Македонија најголем проблем им е сивата економија

ЕБРД: На компаниите во Македонија најголем проблем им е сивата економија

The EBRD's 2011 Annual Meeting in Astana, Kazakhstan, 20-21 May 2011

За македонските компании, најголема пречка во работата е нелојалната конкуренција од сивата економија која работи избегнувајќи го плаќањето на давачките покажува најновиот извештај на Европската банка за обнова и развој за условите за водење бизнис во источна Европа и средна Азија.

Една од главните забелешки во извештајот, кој ЕБРД го изработува во соработка со Светската банка, се и проблемите со пристапот до свеж капитал, транспоротната инфраструктура и проблеми со електричната дистрибуција.

Извештајот покажува дека значително е подобрена состојбата со судството и тоа паѓа подолу на листата на проблеми на кои се жалат компаниите кои работат во Македонија.

Извештајот е подготвен со анкетирање на водечките менаџери на 15.500 компании кои работат во 29 држави, претежно во источна Европа. Притоа, во приближно една третина од државите, како и во Македонија, менаџерите ја посочуваат неформалната, сива економија како главна пречка со која се соочуваат во нивната работа.

„Низ целиот овој регион кој минува во транзиција, најзначајна забелешка на менаџерите е нелојалната конкуренцијата од неформалниот сектор, каде нерегистрирани компании избегнуваат плаќање на даноците, пријавуваат помали приходи од реалните или ја кријат реалната бројка на вработени и со тоа избегнуваат плаќање на давачките”, пишува во извештајот.

Втора најзначајна забелешка која ја имаат бизнисмените што работат во Македонија е тешкиот пристап до финансии, што е главна забелешка на менаџерите на компаниите од Хрватска, Русија и Ерменија.

Поновите македонски компании, исто така, имале поплаки и на работата на даночната служба.

Затоа пак, постарите, етаблирани компании во Македонија, немале толку проблем со пристап до капитал, но имале сериозни забелешки за работата на електродистрибутивната мрежа.

Проблемите со добивањето на стабилно снабдување со електрична енергија било главен проблем во соседна Албанија, како и во Таџикистан и Узбекистан, кои исто така се опфатени од извештајот на ЕБРД и Светската банка.

Најголемите подобрувања, според извештајот, се во судството и во квалитетот на работната рака.

„Најновата анкета покажува дека компаниите чувствуваат значително помалку проблеми во судскиот систем, како и во бирократските пречки како што се регистирање на нивните компании, вадење на дозволи за работа и наоѓање добро обучени работници.

Подобрувањето во судството и во бирократските процедури доаѓа пред се како резултат на ангажманот на владите, кои ги подобруваат своите закони за деловно работење, во согласност со стандардите на Европската Унија, ги опремија судовите со електронски системи на водење на случаите и воведоа едношалтерски системи за регистрирање на компаниите”, пишува во извештајот на Европската банка за обнова и развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП